Wizz Air Skopski Maraton - Волонтерски повик
Активност

Најголемата тркачка приказна во Скопје не се создава само со тркачи. Зад секој голем тркачки ден стојат и луѓето кои се тука за да помогнат, охрабрат и придонесат трката да биде незаборавна. ❤️
На патеката ќе бидеш таму каде што е најпотребно — ќе освежуваш, ќе бодриш и ќе им даваш дополнителен мотив на тркачите да продолжат кон целта. 💦🙌⚡️
🎁 За твојот ангажман ќе добиеш волонтерски пакет со маица, капа, сертификат, кроасан и пијалок.
А најважното? Ќе бидеш дел од атмосферата, луѓето и моментите што се случуваат само на денот на маратонот. 🏃♀️🏃♂️❤️
Организатор
YouthCall