Се што треба да знаеш За YouthCall
Проблемот што YouthCall има за цел да го адресира е ограничениот пристап до информации за различни можности и иницијативи достапни за младите луѓе во нашата заедница.

Кога започнавме активно да се вклучуваме во активности за млади, најголем проблем со кој се соочивме беше наоѓање на настани, проекти и информации за истите и веруваме дека многу млади се среќаваат со истиот проблем.
Со оваа платформа сакаме да овозможиме лесен и брз пристап, достапен за сите млади кои се заинтерсирани за вакви активности.
Независно дали сте заинтересирани за Еразмус проекти, волонтерство, обуки, настани или други младински иницијативи, ние ви обезбедуваме лесен пристап до сите достапни можности.

Димитар Калапоцев
Софтверски Програмер