Сите настани

[CAMP] Young Men's Leadership Project

Активност

[CAMP] Young Men's Leadership Project Cover
Ја продолжуваме долгогодишната традиција на организирање динамични летни искуства по американски модел, насочени кон развој на лидерство кај младите, И оваа година нуди комбинација од практично учење, развој на лидерски вештини и незаборавна летна авантура. Кампот е наменет за мотивирани млади момчиња кои сакаат да се развиваат како лидери. Право на учество имаат средношколци кои покажуваат лидерски потенцијал, имаат добро познавање на англиски јазик и се активни во заедницата. Во рамки на 4-дневниот камп со 3 ноќевања, учесниците поминуваат низ интерактивна програма базирана на „Leaders-in-Training“ столбовите на YMCA.mk: граѓанска одговорност, животна средина, лидерство, личен развој и кариерен развој. Преку работилници, тимски предизвици и сесии за размислување и споделување, учесниците развиваат критичко размислување, тимска работа и подобро се запознаваат себеси. Кампот нуди и богат избор на спорт, авантури во природа и креативни активности. Дел од програмата се кампување и планинарење во Националниот парк Пелистер, како и тим билдинг во адреналински парк – сè со цел да се создаде едно динамично и исполнето искуство. 30 април 2026 (рок за рана регистрација). 15 мај 2026 (краен рок). Се подготвувате за едно искуство што долго се памети!

Организатор

Младинска Асоцијација ИМКА

https://www.ymca.mk
contact@ymca.mk
Битола