Повик за волонтери во Словенија!
Проект

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на краткорочен ЕСК-проект под наслов „Compass project“ во Словенија.
Место: Бегуње на Горењскем, Словенија
Период: 12.09 – 6.11.2026 (8 недели)
За проектот:
Целта на „Проектот Компас: Вештини, јакнење и ориентација за млади луѓе преку волонтерски активности во меѓународни групи“ е да се вклучат особено млади луѓе со помалку можности. Проектот се фокусира на руралните средини и ги вклучува младите луѓе во активности како што се:
– поддршка на добротворни организации
– помош во локалната заедница
– поддршка на еколошки организации, невладини организации за животни во неволја
– помош на стари лица и семејства во неволја
– работилници за деца, за млади луѓе и за лица со посебни потреби
Повеќе информации:
https://vcs.org.mk/mk/call-for-volunteers-in-slovenia-4/
Организатор
Волонтерски Центар Скопје